Претседателот на Манчестер сити: Не сме виновни, но постојат луѓе кои сакаат да нè уништат!

Претседателот на англискиот гигант Манчестер Сити, Калдун Ал Мубарак, се јави по информациите дека клубот е прогласен за виновен по 114 од вкупно 115 точки во долгогодишниот случај со Премиер лигата.

Ал Мубарак испрати порака доа навивачите и порача дека ставот на клубот не се променил. Тој ги повика да не носат заклучоци само врз основа на информациите што се појавија во јавноста и посочи дека „граѓаните“ не се виновни.

„Ништо не се промени. И понатаму има многу луѓе кои сакаат да го поткопаат и уништат нашиот клуб. Нема да им ја дадеме таа можност. Не сме виновни“, кажа претседателот на Сити.

Во меѓувреме, клубот најави дека ќе ја оспори одлуката преку жалба. Исто така, санкцијата сè уште не е одредена, а случајот продолжува и во следната фаза.

Фото: Facebook/Manchester City