Тренерот на Тиквеш дојде на натпревар со влечки и доби експресен отказ!

Ракометниот клуб Тиквеш го отпушти тренерот Драган Марковиќ, кој требаше да биде замена за Раде Стојановиќ, но не издржа долго на кормилото.

Тиквеш разочара на турнирите во Струга и Прилеп, а Марковиќ на меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ се појави и со влечки.

Освен што се појави во влечки, екипата на Марковиќ разочара и загуби против вториот тим на Пелистер.

„Ја известуваме ракометната спортска јавност дека Драган Марковиќ повеќе не е тренер на ГРК ТИКВЕШ“, соопшти клубот од Кавадарци.

Фото: Маркукуле