
Мурињо го возвраќа ударот - ангажира фудбалер од 100 милиони евра
Фенербахче во завршницата од преодниот рок ќе се обиде да го ангажира Антони од Манчестер јунајтед на позајмица до крајот на сезоната и така да биде поконкурентен во битката за титулата.
Бразилецот пристигна кај „црвените ѓаволи“ за 100 милиони евра, но не ги оправда очекувањата на тренерот Ерик Тен Хаг и би можел да замине од премиерлигашот.