Челси се спаси од казна: Боели доби дозвола да си продаде хотели сам на себе!
Челси остана во рамки на финансискиот фер-плеј, откако Боели во април имаше продажба на два хотели на сестринска фирма, односно самиот на себе, а Премиерлигата потоа активираше истрага.
По истрагата беше утврдено дека Боели не ги прекршил правилата и Челси ги исполнил условите за финансискиот фер-плеј, односно нема да добие санкција.