Литванец кој водел натпревар во ЛШ ќе ѝ суди на Македонија против Фарски Острови

Литванскиот арбитар Манфредас Лукјанчукас е одреден за главен судија на натпреварот меѓу Фарски Острови и Македонија, во првото коло од Лигата на нации.

Лукјанчукас има 33 години и е еден од најдобрите во својата земја, а може да се пофали и со „настап“ во Лигата на шампионите. Минатата сезона тој го водеше натпреварот меѓу Лајпциг и Јанг Бојс кој му припадна на германскиот тим со 2-1.

Оваа натпреварувачка кампања веќе беше главен на два меча во европските купови. На 15 август им судеше на Рапид Виена и Трабзон во Лигата Европа, а минатата недела и на Марибор и Дјургарден во Конференциската лига. Дуелот меѓу Фарски Острови и Македонија е не програмата в сабота од 15 часот во Тофтир.