Галатасарај потпиша со Осимен, а сега сака и Бразилец од Премиерлигата

Турскиот гигант Галатасарај ги шокира сите во летниот преоден рок откако го ангажира Виктор Осимен од Наполи на позајмица до крајот на сезоната, но не мисли да запре и планира уште една „бомба“.

Наскоро кон Истанбул би можел да тргне и фудбалерот на Манчестер јунајтед, Касемиро кој добива жестоки критики поради очајните настапи во дресот на премиерлигашот.

Бразилецот би можел да избега од „Олд Трафорд“, а Галатасарај му нуди спас и позајмица до крајот на сезоната, иако засега не е познато дали е подготвен да го откупи неговиот договор.

Касемиро пристигна во Манчестер пред две години од Реал Мадрид за 70 милиони евра, но не ги исполни очекувањата.