Јамал ги предводи номинираните на Франс фудбал за најдобар млад играч

Францускиот магазин Франс фудбал денеска ги објавува номинациите за Златната топка, а пред да бидат познати кандидати за најпрестижното признание, претставени се десетте фудбалери кои ќе конкурираат за наградата за најдобар млад играч која го носи името Рејмон Копа.

Очекувано, групата ја предводи фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал кој имаше фантастичен настап на Европското првенство и беше еден од најзаслужните што Шпанија ја освои титулата. Јамал беше прогласен за најдобар млад играч и на Европското првенство. Покрај него, во конкуренција се уште: Кубарси, Гарначо, Ѓулер, Конате, Мејну, Жоао Невес, Савињо, Тел и Зер-Емери.

Доделувањето на наградите на Франс фудбал ќе се одржи на 28 октомври во Париз.