Ниту играч повеќе не беше доволен за Јунајтед, Халанд го замолкна „Олд Трафорд“! (ВИДЕО)

Манчестер сити остана максимален во Премиер лигата и по градското дерби против Јунајтед во кое на гостински терен славеше со минимални 1-0.

Првото полувреме не донесе премногу шанси и на двете страни, а најголемото возбудување беше црвениот картон кој го заработи Фил Фоден. Се играше 23-тата минута кога англискиот репрезентативец по еден дуел со Бруно Фернандеш беше испратен во соблекувалната.

Фоден заработи директен црвен картон откако бурно одговори на една провокација од Фернандеш кој во таа ситуација помина и без жолт картон, иако и тој беше кој го удри Фоден.

Манчестер јунајтед ја имаше иницијативата во второто полувреме, повеќе напаѓаше, двапати беше погодена и стативата од голот на гостите. Но, кога не ги искористија казната стигна преку Ерлинг Халанд.

Норвешкиот голгетер во 60-тата минута се најде на вистинското место и по едно нафрлување ја погоди мрежата во свој стил за водство и победа. Во прв момент голот беше поништен поради недозволена позиција, меѓутоа ВАР прегледот покажа дека Енцо Фернандез не ја допрел топката пред таа да стигне до Халанд, па Мајкл Оливер се поправи и го призна погодокот.

Сити така му се придужи на Арсенал со 12 освоени бодови по четири одиграни натпревари, Јунајтед пак е 13-ти со по една победа, реми и два порази.