Четврти меч, четврто реми: Силекс и Брегалница до бод од кој никој не е задоволен
Силекс и Брегалница во Кратово ремизираа (2-2), но ниедна од двете екипи не е задоволна од тој резултат. За Силекс ова е четврти, а за Брегалница трет натпревар без победа во домашното првенство, па и едните и другите остануваат во втората половина од табелата.
Голеадата ја отвори Хаџи-Кимов кој во седмата минута си постигна автогол и го донесе Силекс во водство од 1-0. Со тој резултат заврши првото полувреме, а во вториот целосен пресврт. Прво Стојанов го израмни резултатот во 49. минута, а во 67. Маско се погрижи за водство на Брегалница. Штипјани беа блиску до првата победа на гостински терен сезонава кога голманот Јашар киксираше по еден центаршут и му овозможи на нововлезениот Мишов да го постави конечниот резултат.
Силекс сега е шести со осум бода колку што има и седмопласираниот Арсими, а зад нив со бод помалку е Брегалница. Седмото коло завршува утре со дуелот меѓу Шкендија Арачиново и Скопје.