Лоботка херој, Наполи ја прекина серијата порази (ВИДЕО)

Наполи на свој терен во натпревар во кој беше многу подобар противник и можеше да слави многу поубедливи ја совлада Болоња со минимални 1-0.

Трите бода за тимот на Алегри ги донесе Станислав Лоботка во 66. минута, кога успеа да го пробие бедемот на тимот од Емилија-Ромања. Асистент беше Константино Фавасули, а Словакот од прва упати удар кој помина низ рацете на Масимо Песина.

Со овој триумф Наполи прекина серијата од три порази во сите натпреварувања и стигна до втората победа во четири натпревари во Серија А. Следниот предизвик за нив ќе биде гостувањето кај Фиорентина.

Избраниците на Доменико Тедеско од друга страна останаа само на еден бод по стартот на првенството и дополнително ја продлабочија резултатската криза. 

Болоња првата победа во сезоната ќе ја бара следната сабота на „Ренато Далара“, каде што ќе го пречека Торино.