Европскиот шампион беше пресилен, Македонија не освои сет и против Полска
Во првиот сет најмногу парирарвме на големиот фаворит, меѓутоа на крајот квалитетот дојде до израз, па Полјаците го освоија сетот со 25-19. Вториот сет донесе поголема доминација на фаворитот кој ни дозволи да освоиме само 16 поени.
Третиот сет нашите одбојкари како и да загубија сили и мотивација и го загубивме со убедливи 25-13.
Сега пред Македонија се двата натпревари кој од почетокот беа означени како клучни, прво со Португалија во вторник и еден ден подоцна со Израел. Во овие дуели ќе се обидеме да дојдеме до победи кои би ни го донеле четвртото место кое носи во следната фаза.