Преговорите веќе почнале: Бобан го сака Просинечки во Загреб
Во Загреб не се задовлни од последните резултати и играта на тимот, а најавите за промена се засилија по поразот од Осиек.
Звонимир Бобан кој е долгогодишен пријател со Просинечки според информациите се залага да го доведе својот поранешен соиграч во Загреб.
Инаку, Просинечки зад себе веќе има и богата тренерска кариера, работеше во Црвена звезда, беше селектор на БиХ, Азербејџан и Црна Гора, а на клупски план предводеше и клубови во Словенија и Турција.
Сепак, треба да се почека и ситуацијата со актуелниот стратег на Динамо, Марио Ковачевиќ бидејќи тој и понатаму е предводник на гигантот од Загреб.