Катастрофа за Партизан, по новиот пораз на табелата е претпоследен!

Фудбалерите на Партизан поминуваат низ страшна криза која продолжи со денешниот пораз на домашен терен по кој „црно-белите“ паднаа дури на претпоследното место на табелата.

Војводина славеше победа од 3-2, а Партизан по осум кола остана на само седум бода што го сместува на 13-тото претпоследно место.

Единствен кој е зад Партизан на табелата е Земун, тимот каде што денеска беше промовиран македонскиот стратег Ѓорѓи Мојсов.

Партизан сезонава не успеа да се пласира и во европските купови откако беше елиминиран во плеј-офот за Конференциската лига против Гетафе. По елиминрацијата целата управа и тренерот Илиќ поднесоа оставки, меѓутоа потоа се премислија и останаа во клубот.

Сепак, јасно е дека нешто во Партизан мора да се менува и тоа многу брзо.