Aтлетико во фуриозен финиш му даде три гола на Сосиедад за 11 минути (ВИДЕО)

Aтлетико Мадрид вечерва се врати на победничките патеки и на гостински терен славеше победа над Реал Сосиедад со 3-0.

Натпреварот не понуди премногу возбудувања се до завршницата. Првото полувреме не донесе ниту една посериозна прилика и на двете страни, а така се играше и во најголем дел од вторите 45 минути.

Сите три гола Атлетико ги постигна во завршницата, прво Грималдо реализираше најстрога казна во 84. минута. Шест минути подоцна Дејвид стрелаше за 2-0, додека конечните 3-0 беа поставени во петтата минута од судиското продолжеие со гол на Симеоне.