Белингам ги предводи номинираните за „Златната топка“

Францускиот магазин „Франс Фудбал“ денеска ги објави номинираните фудбалери за престижната награда „Златна топка“, а листата ја предводи ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам.

Белингам беше еден од најдобрите фудбалери на „кралскиот клуб“ и го предводеше до трофеите во Лигата на шампиони (ЛШ) и Ла Лига, па исто така важи како главен кандидат за наградата.

На списокот со номинирани фудбалери се наоѓаат и Рубен Дијаз, Фил Фоден, Федерико Валверде, Емилијано Мартинез, Ерлинг Халанд, Нико Вилијамс, Гранит Џака, Артем Довбик, Тони Крос, Винисиус Жуниор, Дани Олмо, Флоријан Вирц, Мартин Одегард и Матс Хумелс.