Саинц и Норис најбрзи во Унгарија, Леклер удри во заштитниот ѕид (ВИДЕО)

Викендов на програмата е закажана трката за Големата награда на Унгарија, а денеска се возеа два тренинзи, при што на првиот најбрз беше Карлос Саинц, додека на вториот доминираше Ландо Норис, додека на патеката не се прослави Шарл Леклер.

Леклер на вториот тренинг во Унгарија загуби контрола врз својот болид и заврши во заштитниот ѕид, но за среќа не се здоби со повреди.

Утре од 16 часот се возат квалификациите, додека трката е закажана за недела од 15 часот.