Николов ѝ донесе златен медал на Македонија на јуниорското СП!

Кикбоксерот Глигор Николов оствари голем успех за македонскиот спорт, откако успеа да го освои златниот медал на јуниорското Светско првенство (СП), кое се одржува во Лидо ди Јесоло, Италија.

Николов во финалето во категорија лоу-кик до 67 килограми беше подобар од Хасан Алеќаров од Азербејџан и донесе златен медал за Македонија.

Претходно до бронзен медал стигна и Драгица Глигорова, која во полуфиналето беше поразена од Евангелија Кициу од Грција, додека во финале се пласираше Калин Димоски.