Деко го понижи „чудото од дете“ кое сака да избега од Манчестер јунајтед

Младиот фудбалер Џозеф Џуниор Габриел сака да го напушти Манчестер јунајтед и се поврзуваше со преселба во Барселона, меѓутоа такво нешто нема да се случи според зборовите на спортскиот директор Деко.

Спортскиот директор на Барселона му ја „затвори вратата“ на Габриел за преселба во Барселона, откако кажа дека не се вклучени во преговори со младиот талентиран фудбалер.

„За ова момче нема што да кажеме. Нормално е да се поврзува со нас, но ние не сме заинтересирани за ниту еден играч во неговата ситуација. Не сум сигурен што точно се случи и дали е сè уште фудбалер на Јунајтед. Ние немаме врска со тоа. Прво мора да ја разбереме ситуацијата пред да направиме конкретен чекор. Не е наша работа да зборуваме со тинејџери“, кажа Деко.