Се тресе столчето на Мурињо: Перез му поставил ултиматум!
Шпанските медиуми пишуваат дека заостанувањето од шест поени зад Барселона го налутило претседателот Флорентино Перез, кој му поставил ултиматум.
Иако уште е почеток на сезоната, сепак Перез и останатите челници на „кралевите“ наводно му поставиле јасна цел на Португалецот, а тоа е победа против Барселона во „Ел Класико“, која треба да го врати Реал во трка за титулата.
Реал дотогаш ќе одигра уште неколку натпревари, и тоа против Виљареал и Севиља во Ла Лига, како и против Рома и Лајпциг во Лигата на шампиони.
„Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал ќе се игра во Каталонија на 25 октомври од 21 часот.
Фото: Facebook/RealMadridCF