ФФМ отвори дисциплинска постапка против Вардар

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) по денешната седница ги соопшти одлуките за случувањата во натпреварите од Првата македонска фудбалска лига.

Една од нив се однесува за актуелниот шампион Вардар, против кој се поведе дисциплинска постапка поради слаба организација и присуство на повеќе лица од дозволениот број во ВИП-ложата на натпреварот против Шкендија Арачиново.

Во продолжение следат и останатите одлуки кои ги донесе Дисциплинската комисија на ФФМ.

„Фудбалерот на ФК „Охрид Лихнидос“, Дамјан Масевски, се казнува со забрана за настап на четири натпревари.

Фудбалерот на ФК „Аресими 1973“, Муслими Мухарем се казнува со забрана за настап на еден натпревар.

ФК „Брегалница 2008“ се казнува со парична казна во износ од 150 евра поради користење на една бакља на натпреварот со ФК Силекс во Кратово.

Против ФК „Брегалница 2008“ се поведува дисциплинска постапка поради користење пиротехнички средства на натпреварот против ФК „Скопје“ АД.

Комет администраторот на ФК „Шкендија Арачиново 77“ АД, Исуф Бајрами, се казнува со забрана за вршење функција во траење од шест месеци, поради неспортски, понижувачки и вулгарен однос, како и вербален напад врз судиите на натпреварот ФК „Вардар“ – ФК „Шкендија Арачиново 77““, соопшти ФФМ.