Скалони го избра наследникот на Меси: Аргентина има нов капитен!

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси реши да се збогува од неговиот национален тим, а селекторот Лионел Скалони веднаш го одговори прашањето кој ќе ја преземе неговата капитенска лента.

Многумина очекуваа дека капитенската лента ќе му припадне на Емилијано Мартинез, но Скалони се реши да му ја даде на Кристијан Ромеро.

„Ромеро ќе биде капитен. Тој веќе беше трет капитен. Тука е Мартинез, кој исто така може да ја носи лентата, како и Родриго Де Пол“, кажа Скалони.

Фото: Facebook/Selección Argentina in English