Шок во Англија: Манчестер сити прогласен за виновен за кршење на финансискиот фер-плеј!

Поранешниот англиски шампион Манчестер сити е прогласен за виновен за 114 точки од големото обвинение за кршење на финансискиот фер-плеј.

Казната за премиерлигашот засега не е одредена, но се шпекулира за сериозни санкции со кои би можеле да се соочат „граѓаните“.

Гигантот од Манчестер беше обвинет за прекршување на правилата во период од 2009 до 2018 година, кога „граѓаните“ станаа еден од најмоќните тимови во Премиер лигата.

Дел од обвиненијата се однесуваат на податоците за суми исплаќани на тренерот Роберто Манчини и дел од фудбалерите.

Премиерлигашот е обвинет и за кршење на правилата на УЕФА за финансискиот фер-плеј, но и на прописите на Премиер лигата за профитабилност и одржливост.

Фото: facebook/Manchester City