Шесткратен француски шампион продаден за - едно евро!

Еден од најпознатите француски клубови е во центар на внимание поради тоа што беше продаден за само едно евро со цел да се избегне негова ликвидација. Медиумите откриваат дека договорот го постигнале претставниците на сегашниот сопственик Жерар Лопез и компанијата „Парк Бенч“.

Шесткратниот француски шампион поради финансиски проблеми беше исфрлен од професионални лиги и се натпреварува во петтиот ранг на францускиот фудбал.

Главен проблем на Бордо со години беа финансиските загуби и долгови, кои се влошија по испаѓањето од Лига 1 и губењето на приходите од телевизиските права.

Клубот не успеа да ги увери француските финансиски тела дека има доволно пари да функционира во текот на целата сезона, поради што беше исфрлен во понизок ранг.

Доаѓањето на новите сопственици, сепак, се смета за позитивен чекор и се очекува конечно клубот да тргне во позитивен правец.

Фото: Facebook/FC Girondins de Bordeaux