Халанд е страшен: Направи рекорд на Ибра да изгледа смешно!

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд вчера урна рекорд на легендарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ.

Имено, фантастичниот Норвежанец со два гола на натпреварот од Лигата на нации, во победата над Данска со 3-2, го урна рекордот што го држеше Ибрахимовиќ како најдобар стрелец во историјата на репрезентациите од Северна Европа.

Тие два гола го доведоа Халанд до бројката од 64 репрезентативни погодоци на само 56 натпревари, со што ги надмина 62-та гола на Ибрахимовиќ на 122 настапи за Шведска.

На 26 години, Халанд, кој за сениорската репрезентација дебитираше во 2019 година, постигнува голови како на лента. Има просек од повеќе од 1,1 гол по натпревар, а на таквата бројка едноставно не може да ѝ се спротивстави ниту една фудбалска логика.

Дополнителна можност да го подобри својот голгетерски рекорд Халанд ќе има за два дена, кога Норвешка ќе игра против Португалија.

Фото: Fotballandslaget/FB