Роберто Карлос: Загубив 99 отсто од сè што заработив во фудбалот!

Роберто Карлос во минатото беше една од најголемите фудбалски ѕвезди, но по завршување на кариерата се соочил со финансиски проблеми.

Легендарниот Бразилец открива дека поради проблеми со агенти и семејството загубил дури 99 отсто од парите кои ги заработил во фудбалот.

„Имав проблеми со луѓе кои ми ја оставија сметката на нула. Поради агенти и семејството загуби 99 отсто од сè што заработив во фудбалот. Направив грешки и затоа сега им зборувам на младите фудбалери да не се соочат со иста ситуација“, раскажува Карлос.

Бразилецот во моментов е амбасадор на Реал Мадрид, за кој во кариерата одигра дури 527 натпревари.