Прв пораз за Македонија во Охрид, Црна Гора беше пресилна (ФОТО)

По стартната победа над Србија, ракометарките на Македонија во второто коло на турнирот „Трофеј Македонија“ во Охрид го претрпеа првиот пораз од Црна Гора со 23-29.

Црногорките денеска беа подобар противник и ја имаа контролата на резултатот од почетокот до крајот и заслужено се радуваа на триумфот.

Македонија резултатски беше блиску само во првата половина од првото полувреме во продолжение гостинските ракометарки беа подобриот противник и на пауза заминаа со предност од 15-6.

Не се промени сликата и во второто полувреме, Црна Гора со сигурна предност ја одржуваше предноста, а ние ниту еднаш не успеавме да се доближиме. На крајот славеа победа со шест голови разлика.

Сара Ристовска и во овој натпревар беше најефикасна кај нас со осум постигнати гола.