Јашари: Македонија ме сакаше, но кога Швајцарија ме побара не размислував

Ардон Јашари утре ќе биде на спротивната страна во дуелот меѓу Македонија и Швајцарија. Фудбалерот кој е роден во Македонија, а во минатото беше дел и од младинските селекции на нашата репрезентација, сега ќе го носи дресот на Швајцарија.

Јашари денеска присуствуваше на прес-конференцијата пред натпреварот, каде што откри дека не се двоумел многу кога пристигнал повикот од швајцарската репрезентација.

„Последен пат во Македонија бев ова лето, со мојата фамилија. Во минатото бев контактиран за да играм за Македонија, но кога добив повик од Швајцарија веднаш го прифатив. Немав дилеми бидејќи сум роден во Швајцарија, таму сум образован и за мене само оваа земја беше опција“, изјави Јашари.

Македонија и Швајцарија утре ќе ги одмерат силите, а почетокот на натпреварот е закажан за 20:45 часот.