Јуниорите на Македонија на контролен меч ја надиграа Швајцарија

Јуниорската репрезентација на Македонија триумфира со 67-62 на пријателски меч против Швајцарија во Гевгелија.

Македонската селекција имаше добар почеток и по 10 минути водеше со 22-15, додека избраниците на Горан Андреевски до полувремето заминаа на +16 (38-22).

Швајцарија во второто полувреме се обидуваше да ја намали негативата, но Македонија издржа и во третата четвртина и во последниот дел од мечот влезе со предност од 56-43.

Македонија се опушти во завршницата и тоа го искористи Швајцарија само да намали на 62-67.