Суперлигата ќе се игра двокружно - полуфиналето одново на три победи!

Денеска покрај распоредот за новата сезона во Суперлигата која почнува на 27 септември беше одреден и системот на натпреварување. 

Со оглед на тоа дека бројот на екипи се намали од 12 на десет мораше да се најде начин да се надополни бројот на натпреварите. Во основниот дел од првенството повторно ќе се игра во двокружно, но новина е во топ-6 фазата, бидејќи минатата сезона најдобрите шест се среќаваа само еднаш.

Така со новиот систем, најдобнрите екипи ќе имаат сигурни 28 натпревари во првиот дел од првенството и топ-6 фазата.

Има промена и кај полуфиналето кое сега ќе се игра до три победи за разлика од минатата сезона кога потребно беше една екипа да дојде до две победи. Кога е финалето во прашање тука нема промени, останува до три победи.

Сите натпревари ќе се играат во вторник, петок и недела.