УЕФА отвори истрага против Родри и Мората кои скандираа „Гибралтар е шпански“

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) отвори истрага против шпанскиот капитен Алваро Мората и неговиот сонародник Родри поради скандалозните скандирања „Гибралтар е шпански“.

Фудбалската федерација на Гибралтар поднесе жалба, по која УЕФА веднаш реагираше и отвори истрага која ќе покаже каква казна ќе добијат Мората и Родри.

Родри прв почна да скандира, а потоа Мората се вклучи и ја повика публиката да им се приклучи во скандирањето.