Рома го претстави најновото засилување - Матс Хумелс (ВИДЕО)

Италијанскиот гигант Рома доби уште едно засилување во одбраната пред продолжение на сезоната, а станува збор за искусниот германски дефанзивец Матс Хумелс.

Хумелс на крајот на сезоната го напушти бундеслигашот Борусија Дортмунд и тргна во потрага по нов предизвик, а потоа доби примамлива понуда од Рим.

Германецот потпиша договор на една сезона, со опција да го продолжи на уште една година, а притоа ќе заработува два милиони евра.