Дрејпер го декласира Де Минор за полуфинале на УС-опен

Американскиот тенисер Џек Дрејпер славеше со 3-0 во сетови, односно 6-3, 7-5 и 6-2 против Алекс Де Минор.

Дрејпер беше одличен во првиот сет и направи два брејка на противнички сервис за да стигна до 6-3, додека во вториот сет се водеше поголема битка, но Американецот излезе како победник со 7-5.

Де Минор не успеа да го возврати ударот, па во третиот сет целосно се распадна и тоа го искористи Дрејпер за да слави со 6-2.