Фудбалер избегал од медицински прегледи и одбил трансфер во Премиерлигата

Фудбалерот на Лион, Ернест Нуама требаше да комплетира трансфер во Фулам, меѓутоа одби да се пресели во Премиерлигата и „исчезна“ во последниот ден од преодниот рок.

Неговиот менаџер не успеал да го убеди да се пресели во Фулам, иако премиерлигашот се согласи да плати 19 милиони евра за неговиот потпис.

Газдата на Лион по драмата му се извинил на фудбалерот затоа што сакал против негова желба да го продаде во Англија.