
Младинците со маестрален пресврт ја совладаа Унгарија – ќе играат за 9. место на ЕП!
Унгарците одлично го почнаа вториот дел од натпреварот и поведоа со 18-15, што како да ги налути избраниците на селекторот Раде Стојановиќ, кои потоа со серија 8-2 не само што ја анулираа негативата туку дојдоа до идентична позитива, која потоа ја задржаа до самиот крај. Узунчев со осум голови беше најефикасен кај Македонија, Карасманакис постигна пет, а голманите Брестовац и Галевски имаа по шест интервенции.
Ова беше четврта победа во седмиот дуел за жолто-црвените на континенталниот собир што им донесе можност да играат за најдобрата позиција надвор од селекциите што се најдоа во четврт-финалната фаза. Наш противник во битката за 9. место ќе биде подобриот од пресметката помеѓу Франција и Хрватска.