Oхрид во второто коло од ЕХФ купот двапати ќе биде домаќин

Ракометарите на Охрид двата натпревари од второто коло во ЕХФ Европскиот куп против турскиот Спорт Тото СК ќе ги игра на домашен терен.

По договор со двата клува, двата натпревари ќе бидат одиграни во салата „Билјанини извори“, првиот е закажан за на 23 октомври, додека вториот е еден ден подоцна.

Терминот за двете средби е 18:30 часот. Охрид кој го брани трофејот во ова натпреварување освоен минатата сезона во дуелите ќе влезе како фаворит, а тоа што ќе игра дома секако е добра вест за охридската публика.