Aрсими даде 12 гола и се пласираше во осминафиналето од купот

Фудбалерите на Арсими се новиот осминафиналист во Купот на Македонија откако денеска лесно ја оправдаа фаворитската улога против третолигашот Могила славјеќи победа од 12-0.

Прволигашот влезе како голем фаворит и таа улога без проблеми ја оправда. Натпреварот беше решен уште во првото полувреме кога гостите постигнаа четири гола, но не застанаа во вториот дел и без милост продолжија да ја полнат мрежата на Могила.

На крајот постигнаа уште осум гола за една од најубедливите победи во оваа фаза од натпреварувањето.

Претходно своето место во осминафиналето го обезедија: Вардар, Башкими, Пелистер, Брера, Македонија Ѓорче Петров, Каменица Саса, Брегалница, Скопје, Шкендија Арачиново, Новаци, Беласица и Струга. Силекс како освојувач ја прескокна првата рунда.

За комплетирање на осминафиналето потребно е да се одиграат уште две средби помеѓу: Крос Спорт Битола и Тиквеш на 6 октомври и последното 1/16 финале помеѓу Вардар Неготино и Работнички на 14 октомври.