Ужас: Мечка убила татко на познат хокеар!

Таткото на познатиот НХЛ хокеар Андреј Кузменко, 62-годишниот Александар Кузменко, трагично го загубил животот откако бил нападнат од мечка за време на риболов.

Трагичниот инцидент се случил на реката Болшој Јенисеј. Мечката ненадејно нападнала група туристи и му нанела тешки повреди на главата на Александар Кузменко.

Пријателите кои се наоѓале на местото на настанот успеале да го исплашат животното, да му укажат прва помош на повредениот и да ги повикаат итните служби. Иако со хеликоптер итно бил пренесен на одделението за интензивна нега во градот Кизил, лекарите и покрај сите напори не успеале да го спасат, па тој починал во болница од здобиените повреди.

Претставниците на Комитетот за надзор на дивечот започнале потрага по опасниот предатор. Овој напад е дел од загрижувачкиот бран во Русија, каде што од почетокот на 2026 година мечки усмртиле повеќе од 20 луѓе. Властите во Тува уште во средината на септември вовеле строги безбедносни мерки, вклучително и целосна забрана за движење низ шумите, палење оган и риболов поради сè почестите блиски средби меѓу дивите животни и луѓето.

Фото: NHL/X