Елмас погоди против Бабелсберг за триумф на Лајпциг

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стрелец во пријателскиот меч меѓу Лајпциг и Бабелсберг (1-0) кој се одигра денеска.

Елмас се запиша во листата на стрелци во првото полувреме, по што не се менуваше резултатот и Лајпциг оствари победа во подготовките за новата сезона.

Лајпциг во следниот период треба да одигра уште неколку натпревари, и тоа против Астон вила, Вулвс и ПСЖ.