Дубаи промовира засилување со огромно искуство во Евролигата

Новиот кошаркарски проект Дубаи продолжи со засилувањата за следната сезона во АБА-лигата, а сега објави дека потпишал договор со звучно име.

Дубаи го промовира хрватскиот кошаркар Леон Радошевиќ како најново засилување, а тој веќе има големо искуство во Евролигата.

Радошевиќ минатата сезона ја помина во италијанската лига каде што во просек постигнуваше по 6,8 поени, 3,2 скокови и 1,1 асистенции.