Надал по маратонот со Навоне: Не знам како ќе станам утре, но сè уште сум жив!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласира во полуфинале на турнирот во шведскиот град Бастад, откако славеше со 2-1 во сетови против Аргентинецот Мариано Навоне.

Надал го скрши ривалот со пресврт, односно 6-7, 7-5 и 7-5 по неверојатна борба која траеше дури четири часа, но го заслужи местото меѓу најдобрите четири тенисери на турнирот.

„Имав многу падови и добри моменти на теренот. Важна ми е победата против Мариано. Се боревме храбро до крајот. Потребен ми е одмор по овој маратон. Не знам дали ќе играм во полуфиналето, ќе видиме што ќе каже моето тело. Не знам како ќе станам утре, но сè уште сум жив“, кажа Надал.

Шпанецот во полуфинале ќе се соочи против Хрватот Дује Ајдуковиќ.