Европското првенство заврши за Ентони Тејлор!?

Англискиот судија Ентони Тејлор доби жестоки критики поради неговите одлуки на мечот меѓу Шпанија и Германија во четвртфиналето на Европското првенство (ЕП), па поради тоа најверојатно повеќе нема да суди до крајот на турнирот.

„Газета дело Спорт“ објави дека Тејлор завршил со ЕП и ќе си замине дома, а главна причина се неколку контроверзни одлуки на дуелот меѓу Германија и Шпанија, а меѓу нив беше и играта со рака на Марк Кукуреља.

Германците веќе отворија и петиција на која се потпишаа над 350.000 луѓе за да се повтори натпреварот, но такво нешто дефинитивно нема да се случи.

Во полуфиналето на ЕП ќе се соочат Франција и Шпанија, односно Англија и Холандија.