„Бомба“ од Сплит: Хајдук пред потпис со бивш фудбалер на Барселона

Хајдук во следните денови ќе го добие најзвучното засилување во летниот преоден рок, а медиумите откриваат дека тоа е поранешниот фудбалер на Барселона, Иван Ракитиќ.

Ракитиќ до крајот на неделата треба да го облече дресот на хрватскиот гигант, откако претходно ќе го раскине договорот со Ал Шабаб од Саудиска Арабија.

Хрватскиот фудбалер во кариерата играше за Базел, Шалке, Севилја, Барселона и Ал-Шабаб, а го носеше и дресот на татковината на 106 натпревари.

Екипата од Сплит се обидува ова лето да состави искусен тим, кој на чело со тренерот Џенаро Гатузо, ќе се обиде да го освои шампионскиот пехар во Хрватска.