Екс-напаѓач на Ливерпул помисли дека е Тајсон, па сакаше да се тепа со луѓе на улица!

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Енди Керол предизвика скандал по вечера во ресторан во Лондон, откако се степал со едно лице, а потоа бараше физичка пресметка и со случајни минувачи кои се обидуваа да го смират.

Керол во алкохолизирана состојба почнал да прави проблеми поради непознати причини, а британски „Сан“ го објави видеото на кое може да се забележи дека фудбалерот е ептен нервозен.

„Минувачи се обидуваа да го запрат, но Керол им се закани дали сакаат и тие да добијат ќотек“, пишува британскиот медиум.