Ѓоковиќ: Сите доктори ме советуваа да го оперирам коленото

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го почна Вимблдон со лесна победа против Вит Коприва, а по дуелот зборуваше и за операцијата на коленото.

Ѓоковиќ бил загрижен пред операцијата за тоа колку ќе го оддалечи од тениските терени, но по разговор со голем број доктори го добил истиот совет, а тоа е да оди на хируршки зафат.

„За коленото сите ортопеди, хирурзи и доктори ме советуваа да одам на операција и да го решам проблемот со менискусот. Бев загрижен пред операцијата, но за среќа сè помина во најдобар ред“, кажа Ѓоковиќ.