Третиот најскап фудбалер на Баерн даде „зелено светло“ за преселба во Англија

Баерн Минхен ова лето ќе се раздели со младиот и талентиран дефанзивец Матијас Де Лихт, кој е трето најскапо засилување за бундеслигашот.

Поранешниот германски шампион плати 67 милиони евра за услугите на Де Лихт од Јувентус, но новиот тренер Винсент Компани нема да смета на него и затоа Холанѓанецот ќе си ја бара среќата на друго место.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Де Лихт дал „зелено светло“ за трансфер во Премиерлигата, па останува уште да се договорат Манчестер јунајтед и Баерн за висината на отштетата, која се очекува да биде околу 50 милиони евра.