Шериф Тираспол потпиша со младински репрезентативец на Македонија

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Стефан Депостовски ќе ја продолжи кариерата во Шериф Тираспол од Молдавија, откако денеска потпиша двегодишен договор.

Деспостовски минатата сезона го носеше дресот на Работнички, а претходно играше и за младите екипи на Партизан, Црвена Звезда и уште неколку српски клубови.

Шериф минатата сезона ја заврши на второто место во домашниот шампионат, а следната година ќе се обиде да се врати на врвот.