Се врати страста во Јане: Вардарци загубија, но навивачите ги испратија како да ја освоија ЛШ! (ФОТО)

Македонскиот ракометен гигант Вардар во драматичен натпревар загуби од Нант со 32-33 во салата „Јане Сандански“, каде што атмосферата покажа дека ракометната еуфорија повторно се враќа во Скопје.

Голем број навивачи во текот на целиот натпревар даваа поддршка на „црвено-црните“, а публиката по последниот свиреж, и покрај поразот, даде силен аплауз за ракометарите.

Вардарци беа испратени со овации од трибините, кои пристигнаа по големата борба која ја прикажаа против силниот француски состав во вториот меч од ЛШ.