Трагичен пораз на Вардар на враќањето во ЛШ (ФОТО)
Вардарци понесени од фантастичната атмосфера во речиси исполнетата сала тргнаа фуриозно и го отворија натпреварот со 3-0. Нант како да беше во грч, па првиот гол го постигна дури во третата минута.
Во наредните минути гостите се консолидираа, па пред средината на првиот дел во 13-тата минута и првпат поведоа со 9-8. Тука следуваше и најслабиот период на Вардар во натпреварот, Нант со серија од 4-0 поведе со 12-8.
За среќа следуваше сличен одговор, па со три гола во низа и период во кој Нант не постигна гол од 17-тата до-20-тата минута Вардар се врати на минус еден, а доби и контра за израмнување која сепак не ја искористи и прими гол, па Нант одново беше на плус два. На пет минути пред крајот на првиот дел одново Французите побегнаа на четири разлика, па избраниците на Чупиќ се враќаа во последните минути. Нант остана со ракометар помалку во 28-та минута и тоа Вардар го искористи за на пауза да замина со негатива од еден гол (15-16).
Второто полувреме донесе поефикасна игра ретко се промашуваа напади, се играше гол за гол, па во последните 15 минути се влезе со изедначен резултат 24-24. На истекот на 50-тата минута Вардар првпат поведе во вториот дел, а Нант не го реализираше и следниот напад во период кога беше со ракометар помалку. Па Вардар поведе и со два гола првпат по почетните минути. Не ја задржа Вардар долго таа предност и гостите брзо изедначија на 29-29 на шест минути пред крајот. Драмата и неизвесноста продолжи до самиот крај и мечот се решаваше буквално во последните моменти.
Малус немаше среќа да реализира во последните два напади, додека Нант доби седмерец од кој погоди на 15-секунди пред крајот и дојде до победата.
Абделхак беше најефикасниот кај Вардар со десет постигнати гола, Малус го следеше со шест, додека по пет имаа Воркапиќ, Љевар и Фадуил.
Кај Нант вардаровата одбрана немаше решение за Леополд кој средбата ја заврши со 12 гола и беше убедливо најефикасен во својот тим. Валах на голот на Вардар собра седум одбрани и Гогов две.








