Историја: Брера ја растури Санта Колома во младинската ЛШ

Младинската екипа на Брера Струмица триумфира со убедливи 3-0 против Санта Колома од Андора во првиот меч од Лигата на шампиони (ЛШ), па така го запиша првиот триумф за Македонија во елитното натпреварување.

Брера ја проби одбраната на ривалот во вториот дел, а првиот гол го постигна Глигор Бучков во 57. минута, а потоа истиот фудбалер успеа да зголеми на 2-0 во 80. минута.

Победата за екипата од Струмица ја запечати Филип Кулески во 87. минута од натпреварот со што донесе голема радост за Брера.

Реваншот меѓу Брера и Санта Колома се игра на 14 октомври од 15 часот.

Фото: Facebook/Brera Strumica