
Потврдени екипите за меѓународниот турнир во Струга – две се надвор од Македонија!
Покрај домаќинот Струга на годинешното издание на турнирот ќе играат уште и Вардар, Пелистер, Тиквеш, АЕК (Грција) и ГУИФ (Шведска). Наскоро ќе бидат одредени и двете групи со по три тима како и распоредот на натпреварите.
„Со турнирот во Струга секогаш се отвара новата натпреварувачка сезона, па и овојпат ќе можеме да ги гледаме најдобрите екипи кои и досега победуваа на овој турнир и кои се подготвуваат за своите мечеви на домашна и европска сцена. И сезонава подготвуваме новини со кои ќе останеме атрактивен турнир за сите екипи, и радува што интересот на турнирот е секогаш голем. 'Како Струга нема друга' и затоа сме убедени дека ќе имаме уште еден успешен турнир“, вели Кирчо Јованоски, претседател на одборот за организација на турнирот.